Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски при снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“ со рацете покажа нешто како двоглав орел, што Албанците го сметаат за свој симбол.

По ова, Србија се крена на нозе, а од продукциската куќа Емоушн велат дека нема ништо спорно во тоа.

– Нашето шоу е од забавен карактер и не дозволуваме пропаганда на било какви политички симболи и пораки. Да помислевме дека тука станува збор за тоа, веднаш ќе реагиравме, велат од Емоушн за српските медиуми.

Кајмакоски за Информер изјави дека не знаел што покажува со рацете.

– На фотографите им ги покажував своите лакирни нокти. Немав поим дека тоа е албански знак. Македонец сум, никогаш тоа намерно не би го направил, изјави Кајмакоски.