Во Бугарија уште не можат да се помират со смртта на Божидар Димитров, па медиумите секојдневно објавуваат по некоја приказна во врска со него. Туак спаѓа и приказната за созополскиот вампир, кој, според покојниот Димитров има врска и со Македонија.

Имено, пред шест години, при ископувања во црквата Св. Никола во Созопол, археолозите откриле 100 гроба. Меѓу нив и два скелета на маж и жена, со забиени железни копја во срцето. Според Димитров, било јасно дека станува збор за откритие кое упатува на тоа дека мажот и жената биле закопани од локалните жители како вампири, а копјата во срцето се согласно верувањето дека на тој начин се спречува нивното оживување.

Тогаш, Димитров воскликнал: „Можно е вампирот да е Македонец“. Тезата ја аргументирал со открија неколку месеци пред откритието на двата „вампири“, кога биле пронајдени печати поврзани со македонската династија во Византија.

„Едниот печат беше на Васил Втори Македонец, вториот на императорката Теодора, исто така од македонската династија, третиот на извесна Ирина, која не и припаѓаа на династијата, но била потомок од бракот на последниот цар од династијата на Самоил, Пресијан Први, со една византиска принцеза“, објаснувал тогаш Димитров.

Според него, печатите биле поврзани со македонските династии од средниот вк. Оттука, тој предложил дека штом луѓе од македонската династија живееле во Созопол, веројатно е дека имале и некакви имоти. Затоа сметал и дека скелетот на мажот со копје во срцето му припаѓа на човек со висока општествена положба кој, можеби, го управувал и целиот град.

Според зборовите на Димитров, тој веројатно многу држел до својата македонска национална идентичност, поради што бил омразен меѓу локалните Бугари кои по неговата смрт, му се одмаздиле забивајќи му копје во срцето.

Како дополнителен доказ, тој го посочил и заклучокот на антрополози, според кои човекот имал благородни европеидни црти на т.н. „македонска раса“, а тоа го разликувало од цртите на локалните Бугари.

Оваа вест за вампирите во Бугарија, бргу се прошири низ Европа и светот. Пишуваа сите медиуми, а приказната беше повод за ова да се направи една емисија и во серијата „Забранета историја. Самиот Димитров сметал дека тоа може да ги зголеми туристичките приходи на Созопол кој се наоѓа на Црното Море, велејќи: „Женски гради има по сите плажи, но вампири има само кај нас“.