Македонија како да е под окупација, како што објави порталот Курир, со летоци расфрлани по основните училишта се поттикнува свеста кај возрасните да не дозволуваат да се заборави симболот на државноста.

Македонската јавност, особено родителите на децата кои посетуваат основно училиште овие денови се гневни на власта која ги злоупотребува децата за политички цели, пишува македонскиот портал Курир.

Откако во јавноста се појавија информации дека власта се откажала од македонската химна во учебниците јавноста се крена на нозе.

Македонскиот пејач Панчо од ДНК на својот Фејсбук профил објави дека откажувањето на химната на својата татковина е исто како на првачињата да им забраниш да ја учат азбуката.

– Јас за моите деца сум сигурен дека ќе ги научам и воспитам да ги почитуваат сите луѓе без оглед на етничка припадност, но сум уште посигурен дека гордо ќе ја пеат и научат химната на Македонија од почеток до крај, а за вашите не знам. Секој со своето. На дното му нема крај, пишува Панчо.

Пред неколку дена објавивме ображање преку Фејсбук од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски кој запраша: Дали „некој мислеше дека на Тамара навистина толку и бил капацитетот, згрешила или пак не ја научила химната на Македонија?! Дека ненамерно немаше химна при посетата на Ципрас?!“

Јаревски во прилог објави скенирани делови од учебници за основни училишта во кои ја нема химната „Денес над Македонија“, а наместо химната децата учат да пеат песни на албански и ромски.