Филмот за создавањето на еден од најголемите хитови во историјата на рок музиката, „Боемска рапсодија“, и воедно биографија за еден од најголемите бендови на сите времиња, Квин, веќе ја бранува музичката и филмската публика.

Трејлерите, тизерите и интервјуата со актерот Реми Малек кој го игра неповторливиот Фреди Меркјури само ја загреваат атмосферата пред премиерата закажана на 24 октомври во Велика Британија.

Ова се реакциите на различни фанови на музиката на Квин на официјалниот трејлер за филмот.