Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има судир внатре во власта, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Калајџиев беше поддржувач на тн. шарена револуција, во борбата за уривање на „режимот на Груевски“, а сега ја напаѓа актуелната владејачка гарнитура, за чие доаѓање на власт има и тој свој придонес.

Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури. Шефицата на обвинителството против организиран криминал Вилма Русковска суспендирана, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева осудена. Две шефици на обвинителства тргнати од позиција за помалку од 5 години. Кој е помоќен во државата – обвинителството или организираниот криминал?- прашува РСЕ.

– Па очигледно дека организираниот криминал има сериозни линкови со политичката елита и оттаму се можни вакви невообичаени комбинации и дури инволвирање на високи функционери од правосудството, во конкретниот случај наспроти Вилма Русковска, практично директорот на Финансиска полиција, една битна фигура во она што се вика „лојал формсент“, вели Калајџиев.

Тој опширно говори за криминалот, корупцијата и „заштитените бели мечски“ од прогон:

– Знаеме дека во суштина ДУИ се недопирливи и имаме многу малку случаи за корупција во тој дел, иако знаме дека во добар дел моќта на оваа политичка структура е голема. Има многу озборувања за криминал и корупција, а не гледаме никакви постапки и тоа кај луѓето остава впечаток дека тие се некоја заштитена бела мечка. Колку од се ова е точно, јас не можам да знам, но очигледно е дека нешто има во ова, бидејќи добар дел од големите бизниси се практично во нивни раце.

Целото интервју во РСЕ.