Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 јануари.

Денеска е Пренос на моштите на св. Јован Златоуст.

Денес посредно се спомнува еден од најголемите беседници на Христовата Црква, свети Јован, наречен Златоуст, во врска со пренесувањето на неговите мошти од Комана (местото каде се упокои) во Цариград (неговата епископска катедра од која беше протеран). Тоа стана 30-тина години по неговата смрт, во 438 година. Моштите му беа положени во црквата Свети Апостоли. За време на Латинската империја во Цариград, моштите се однесени во Рим, во катедралата Свети Петар.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Аполонија.

Еузебиј, таткото на црковната историја, донел еден дел од писмото на св. Дионизиј, бискупот од Алексадрија. Во писмото наведува некои случувања во времето на тешките прогонства на христијаните, на кои бил сведок. Св. Дионизиј опишува како прогонителите ја заробиле и девицата Аполонија, која веќе била стара. Ја тепале и ги ваделе забите, за да се откаже од својата христијанска вера. Умрела за Христос во 249 година. Светицата Аполонија христијаните ја повикуваат при заболувања на забите.