Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 април.

Денеска е Преподобен Јован.

Животот на преподобен Јован е тесно поврзан со животите на двајца духовници од осмиот и деветтиот век, Григориј Декаполит и Јосиф Химнограф. Првиот му бил учител во монашкиот подвиг на преподобен Јован.

Во името на царот Лав Ерменецот, иконоборец, тој ја дели заедничката судбина со сите заштитници на почитувањето на иконите.

По смртта на неговиот духовник Григориј Декаполит, Јован станува игумен во истиот манастир. Се упокоил во 820 година. .

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Јосип Работник.

Овој празник го вовел папата Пио Дванаесетти. Со својата работа, човекот е во служба на другите луѓе. Затоа земјоделците и работниците, трговците, учителите и свештениците, чиновниците, па и министрите мораат да бидат во служба на други луѓе и така да го исполнат законот на љубовта. Во текот на работата соработуваме со Господ.

Исус од Назарет најголем дел од својот живот го поминал работејќи заедно со свети Јосип.