Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 август. Денеска е Преподобен Мојсеј Мурин.
Мојсеј беше Египѓанец. Првин беше роб, а кога му се даде прилика избега од господарот и стана разбојник. Надарен со голема телесна снага и имајќи луда смелост и безобзирност во потфатите, тој наскоро се наметна за водач на својата дружина. Стана страв и трепет за целата околија. Но, по некое време се покаја, ја напушти дружината и стариот живот и се настани во еден манастир, а потоа уште повеќе се повлече во една осамена келија и тука секојдневно се бореше со опашките од своите страсти.
Доживеа длабока старост. Бесниот Мојсеј во смирението стана сличен на Христа, на Бога. Во поодминати години основа свој манастир, во кој погина при еден напад на варварите.
Тој, имено, со очите на духот ја виде нивната навала и ги испрати останатите од манастирот, а самиот остана во манастирот зашто сметаше дека оној кој во животот вршел насилства треба и да погине од раката на насилниците.
Според Католичкиот календар денеска е Св. Никола од Толентин.
Бил роден во 1245 година во тврдината Сент Анxело. Стапил во редот на августинците. Во 1269 година станал свештеник. Неговите животни потреби биле сведени на минимум. Бил сиромашен и скромен. Во ишраната употребувал само зеленчук. Храбро ги поднел сите болести и не барал помош од луѓето. Свети Никола бил прочуен проповедник и ги советувал луѓето. Умрел во 1305 година.