Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 април.
Денеска е Преподобен Тит Чудотворец.
Историската сцена на која се појавува свети Тит е осмиот век во Византија. Византискиот осми век е речиси во целост одбележан од иконоборечката криза. Се случува многумина од имераторите да застанат во заштита на ереста на иконоборството, а исповедниците на православното учење во поглед на почитувањето на иконите биле и по неколку пати прогонувани во најоддалечените краишта на имеријата, како што се менувале царевите.
Во овој период православието се чувало меѓу манастирските ѕидини така што повеќето негови заштитници се од редот на монасите. Во оваа општа слика се вклопува и свети Тит кој уште од млади години се повлекол од светот, многу се подвизувал и достигнал таква срдечна чистота што бил удостоен со дар да чудотвори.