Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 декември.

Денеска е Преподобна Меланија Римјанка.

Оваа Меланија беше вдовица на окружниот римски управник. Живееше во четвртиот век, кога во Рим многумина беа восхитени од подвижничкиот живот на Истокот, за што се дозна од неколкуте подвижници што во тоа време дојдоа од Исток во Рим. Таа се учеше на подвизите од блажениот Ероним. Подоцна замина за Ерусалим, каде ги продолжи подвизите до својата длабока старост. Целиот свој имот го беше раздала служејќи им на бедните. При крајот на животот го посети Рим за да се види со роднините и пријателите, а потоа пак се врати во Ерусалим, каде се упокои во 410 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Хилариј.

Бил роден околу 315 година, во Поитерс, денешна Франција. Живеел во четвртиот век, кога христијанството го потресувале жестоки аријански ереси. Ариј ја негирал божественоста на Исус Христос. Хилариј бил мислител, теолог и добар познавач на Светото писмо. Неговото дело за Тројството, во 12-та книга е најсолидно дело против аријанството. Ги проучувал источните црквени светци – Света Анастазија, Света Базилија, Свети Гргур и Свети Иван Златоуст и се поврзал со бранителите на правоверството на Истокот. Бил многу почитуван. Умрел во 367 година.