Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 март.

Денеска е Собор на св. арх. Гаврил.

Тој е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Свети Јован Предвесник и самиот за себе рече: “Јас сум Гаврил кој стојам пред Бога”. Неговото име Гаврил значи маж Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде оној што ќе се роди од Пречистата Дева.

Некои дознаа дека истиот тој Гаврил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гаврил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат поблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Велика Сабота. По ноќната света Миса, т.е. свечената литургијата по повод Велигден време е за радост која трае педесет денови т.е. до празникот Духови. Во библиските записи кои денеска ќе се читаат на свечената света Миса, верниците ќе се припомнат на сите Божји добродетелства низ човечката историја, како и на еден од најголемите Негови добродетелства, дека починал за нашите гревови и по три денови славно воскреснал.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР: Времето за ифтар и суфур 

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:09 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 04 часот и 28 минута. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано.

За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.