Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 март.

Денеска е Св. маченик Кодрат Коринтски.

Кога во 249 година по Христа на римскиот престол дојде царот Декиј Трајан, за христијаните започна еден од најлутите прогони. Многумина беа затворени. Во тоа време во градот Никомидија живееше некој си Кодрат. Тој ги потплаќаше стражарите и ги посетуваше христијаните во затворот, носејќи им се што им е потребно. Кога дојде време, затворениците ги изведоа на суд и започна вообичаената судска процедура за христијаните.

Кодрат, кој се наоѓаше отстрана, самиот го исповеди Христос како Бог, па за неговата вера беше осуден и погубен заедно со своите браќа.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Турбиј Монгровејски.

Бил роден во 1538 година во Шпанија. Неколку години работел како мисионер во Лима, во Јужна Америка. Како бискуп често се борел против шпанските доселеници кои лошо се однесувале кон Индијанците. Индијанците го сакале свети Турбиј.

Големиот апостол на Латинска Америка, свети Турбиј умрел во 1606 година исполнувајќи го својот земски живот со многу добри и племенити дела.