Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули. Денеска е Св. преподобна маченичка Петка.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд.

Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Доминик.

Бил роден во Каларога во [панија, околу 1170 година. Во Паленција студирал теологија и станал све{теник. Проповедувал против албиген{ките херези кои тврделе дека светот е дело на Сатаната. Свети Доминик се молел и храбро настапувал бранеј}и ја верата во Христос Спасителот. За таа цел го основал редот на проповедниците-доминиканци. Умрел во Болоwа во 1221 година.