Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 септември.

Денеска е Св. првомаченичка, рамноапостолна Текла.

Родена е во Иконија, Мала Азија, од незнабожечки родители. Современичка е на апостолите. Значи живеела во првиот век по Христа. Исто така, таа е една од првите што пострадаа за Христа, па црквата ја дала славата на првомачениците, што ја има. Пострадала бегајќи од некои дрски момчиња кои биле наведени од лекарите и бајачите да ја осквернат оваа девственица по дух и тело. Црквата ја слави оваа девојка, богата со добродетели и како рамноапостолна.

Но, нејзината биографија се вели дека откако долго се подвизуваше и се излечи самата себе си, ги лечеше и немоќните на другите, на тој начин проповедувајќи го Христа и многумина обрати во христијанството, што е во прв ред апостолска служба.

Според Грегоријанскиот календар денеска е Кралица на Светата Круничка.

Католиците го слават овој празник кој се нарекува и Света Богородица од Светата Круничка. Една од најраширените молитви кај католиците е молитвата на Светата Круничка или бројаница. Се молат на бројаница која содржи 59 зрна. Молитвите се повторуваат, особено молитвата Радуј се Маријо по десет пати и при тоа се размислува за еден настан од животот на Исус Христос и Света Богородица. На молитвата на Светата Круничка се случуваат многу чуда (закрепнувања), а овој празник се слави по решение на папата Пио Петти, кога по молитвата на Круничката кај Лепант во 1571 година, малкубројната христијанска војска ја победила Турската војска.