Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 август. Денеска е Св. свештеномаченик Евтихиј.
Евтихиј по род беше од Севастопол, Палестина. Му беше ученик на апостолот Јован Богослов. Како епископ и апостол го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос на многу места.
Претрпе многу измачувања и најпосле својот плоден живот го овена со маченички венец во родниот Севастопол.
Според Католичкиот календар денеска е Св. Захариј.
Тој бил совремник на пророкот Хагај. Се залагал за обновување на ерусалимскиот храм кој бил уништен од страна на Паганите. Тој бил пророк на месијанската надеж бидејќи го најавил доаѓањето на Христос кој треба да ги спаси луѓето од гревови т.е. од вечната смрт. Го нарекуваат пророк на социјалната правда бидејќи им се спротивставува на тие кои ја уништуваат. За свети Захариј и постот нема никакво значење доколку не е поврзан со конкретни добри дела.