Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 мај.

Денеска е Трето наоѓање на главата на св. Јован Крстител.

Кога се разгоре ереста на иконоборството, во осмиот век, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Комана. Подоцна, во времето на царот Михаил, во следниот век, таа беше свечено пренесена во Цариград и положена во царската придворска црква од страна на тогашниот патријарх Игнатиј.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Мат Талбот, господов слуга.

Во 1925 година, на 70-годишна возраст умрел Мат Талбот. Бил алкохоличар. На 24-годишна возраст одлучил да се откаже од пиењето алкохол. Поради напорното десетчасовно работно време, спиел само по три часови. Неговиот ден започнувал во два часот по полноќ. Се молел се до започнувањето на утринската миса, по која секогаш прв пристигнувал на работното место и совесно ја извршувал својата должност.