Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 ноември.
Денеска е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста.
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.
Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.
КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Барбара.
Постојат многу малку податоци за нејзиниот живот. Верувањето и моќниот заговор на светците, ја сврстиле света Барбара меѓу 14 големи помошници во разни неприлики. Со празникот света Барбара се поврзани и некои адвентистички обичаи. Во некои земји на празникот света Барбара се отсекува гранка од цреша и се става во вода и на топло место, а на Божик таа расцветува.
Света Барбара е една од адвентистичките гласници која го навестува Божик, ден во кој расцветува најубавиот цвет на стеблото на човештвото, Исус Христос. Се претпоставува дека Барбара загинала за својата вера за Диоклецијановите прогонства, во 306 година. Селаните ја повикуваат света Барбара кога има невреме, против громови.