Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна“ против коронавирус од пазарот поради, како што наведуваат, големиот број несакани ефекти.
„Вакцините на „Модерна“ од серијата „041L20A“ предизвикуваат „повеќе несакани ефекти од вообичаеното“ и затоа треба да се отстранат од употреба додека не завршат сите тестови“, се наведува во образложението.
-Серија од вкупно 330.000 дози беа дадени на 287 добавувачи ширум Калифорнија и ова е првпат да се забележи алергиска реакција, вели Ерика С. Пан, државен епидемиолог во Калифорнија.
„Модерна“, центрите за контрола и превенција на болести и Американската администрација за храна и лекови на САД во моментов тестираат серија вакцини откако десетина луѓе претрпеа „можна сериозна алергиска реакција“.
Калифорнија е најтешко погодена американска држава со околу три милиони заразени, од кои еден милион во Лос Анџелес и повеќе од 33.000 смртни случаи од Ковид 19, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.