Шумскиот пожар помогнат од топлотниот бран кој го зафати западниот дел на САД гори на површина од 20 илјади хектари и уништи 20 домови, јавуваат светските медиуми.

-Сувите временски услови и силните ветрови беа голем фактор во проширувањето на пожарот. Ова е голем предизвик за нас уште од првиот ден на избувнување на пожарот, изјави портпаролот на шумската служба.

Државните противпожарни служби известија дека има напредок во одржувањето на пожарот на јужната и југозападната страна од изгорената површина. Синоптичарите најавуваат пониски температури во наредните денови и стабилизација на ситуацијата.

Доколку се потврди како точна информацијата дека температурите во пустината Furnace creek (што во слободен превод би значело како Потокот на печката) се искачиле до 57 степен тогаш тоа би била највисоката измерена температура измерена на планетата од 1913 година.