Денеска се навршуваат 146 години од Македонското востание дигнато во Кресна во Пиринска Македонија на кое Бугарија му го менува името во Кресненсо-Разлошко со цел да се избегне „македонско“ во идентитетот на востанието.
Сведоштво за ова е објавено на страницата за историја на Фејсбук Macedonia : a True Endless Story… која објавува документи и теми од историјата на Македонија.
Во продолжение целата објава:
Адам Калмиков, 1878 г.: Писмата без „Македон“, ќе ви бидат враќани. Тоа име нема да загине!
Горноџумајскиот огранок на бугарскиот комитет „Единство“ сакал да го избегне името Македонија и неговите изведенки.
Писмо – „ Добиено на 11 октомври – До Џумајскиот македонски комитет!
По волја на народот и на војската, јас сум назначен да бидам водач на македонските востаници. Јас го назначив Димитрија П. Георгиев да биде начелник на штабот, а тоа им го соопштив на сите комитети. Вие се стегате да напишете ‘од Македонскиoт комитет’. Тоа име нема да загине, и поради тоа изјавувам дека без зборот ‘Македон’, вашите писма ќе бидат враќани назад. И, ве молам изестете ги сите комитети.
9 октомври 1878 година
А. Калмиков “
Адам Калмиков е руско-казачки мајор и воен водач во Македонското кресненско-разлошко востание од 1878 – 79 г.
Комитетот „Единство“ е велико-бугарска организација основана 1878 г., во Велико Трново, со ограноци во повеќе градови. Целта на комитетот е припојување на Тракија и цела Македонија кон новосоздадената бугарска држава. Затоа и го помагаат Македонското востание.
(Подготви: Д.Г.)