Орце Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ дал гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор во процесот, соопшти денеска неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој потсетува дека ова е втор обид на Камчев со понудена гаранција да биде ослободен од притвор и дека тој е единствениот обвинет од случајот кој се наоѓа таму.

Камчев е петтоосомничен а единствен што се наоѓа во притвор. За лошата и ризична состојба зборува и медицинско вештачење, а поднесена е и гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000 евра готовински, но до овој момент немаме одговор од Обвинителството, рече Миланов.

Според Миланов, истрагата не може да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски за, како што вели тој, друга правна квалификација, додека во моментов не е во Македонија.