Наплив на поетска инспирација, во градот на Браќата Миладиновци, доби лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој вечерва како премиер на Република Македонија, им се обрати на стружани во кампањата за референдумот за Северна:

– Сите сме качени на кајчето и треба да извесламе колку што може побрзо до ЕУ. Брзината во веслањето зависи од двете весла, десното и левото весло. Оние што бојкотираат не оставија со едно весло, но и со едно весло може, по бавно ама целта ќе ја стигнеме. Кога ќе ја стигнеме ќе земеме глисер и тогаш ќе ги земеме сите, бидејќи се бориме за сите во Македонија, порача Заев вечерва во Струга.

На трибината во Струга, во градот, кој, како што рече, е пример за единство, сплотеност и меѓусебно разбирање, Заев повика да се искористи историската шанса да се излезе на референдумот на 30 септември и да гласа „за“ евроатланска интеграција на земјата, но не спомна дека треба да се гласа за промена на името на државата во Северна, како и идентитетот.

– Разбирам некој да излезе и да гласа против, но да седи дома и да бојкотира не можам да разберам. Тоа е најподмолниот начин да ја закочите државата, својата држава. Можеме да излеземе да гласаме „за“ или „против“, но да бојкотираме тоа е да се биде противник на државата, рече Заев повикувајќи ги стружани да кажат „да“ за европска Македонија, која другиот ден ќе биде Северна Македонија.

А токму стружани добро знаат што значи референдум, бојкотирање и територијална поделба. Тие и кичевчани најдобро знаат дека „некои прашања не заслужуваат одговор“ за напредок во евроинтеграциите. На тоа Заев може да го потсети и неговата потпретседателка Радмила Шеќеринска.

– Ова е прашање зад кое треба да застанеме сите граѓани без разлика на етничка, верска, кутлуролошка или било каква определба. Ова е наша заедничка татковина и обврска е на сите да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Шансата на Македонија и е во дланката, треба само да ја зграпчи. Нашето место е во ЕУ и НАТО и друга алтернатива за тоа не постои, подвлече Заев.

Премиерот уште еднаш потсети на придобивките од членството на земјата во НАТО и ЕУ.

– Конечно имаме остварување на вековните аспирации на нашите татковци и дедовци. Имаме држава призната од целиот свет, држава во која живее доминантно македонско население, граѓани кои зборуваат македонски јазик признаен од цел свет. Конечно имаме држава признаена од сите, нагласи Заев.

Доколку некој има план Б или Ц, премиерот го повика да го презентира да го разгледаат и да видат дали има друга алтернатива. Заев сака да слушне таков план, но не сака да се соочи со аргументи против капитулантскиот договор со Грција, што го фали од град во град. И затоа одбива тоа да го слушне на ТВ дуел!

Освен во Струга, Заев вечерва со истата реторика за „европска“ Македонија ги убедуваше и охриѓани да гласаат за смена на името на Република Македонија во Северна.

– Да го приближиме Охрид уште повеќе до Европа, па од балкански да биде прогласен за европски Ерусалим. По примерот на „Билјана платно белеше„“ сите ние да го обелиме образот на нашата Македонија. На 30 септември масовно да гласаме „за“ заедно да одиме напред, „за“ европска Македонија и европски Охрид, порача вечерва Заев од Охрид каде се одржа граѓанскиот собир во организација на „Излези за европска Македонија“.

Заев од говорницата пред охриѓани истакна дека во тешки времиња полни со предизвици, вистински патриоти се оние кои преземаат акција.

– Вистинскиот патриот го почитува минатото на својата земја, но неговиот поглед е цврсто фокусиран кон иднината. Ова е историска можност, одговорноста е кај секој од нас. Немојте да мислите дека некој друг ќе ја заврши работата. Да не потфрлиме сега пред самиот финиш, рече тој.

Заев истакна дека 29 држави членки чекаат да го кренат 30-тиот јарбол пред седиштето на НАТО.

Обраќање пред охриѓани имаше и пратеникот на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, кој рече дека 30 септември 2018 година ќе бидат удрени темелите на Македонија како членка на ЕУ и НАТО.

Веслање

Заев кајче веслаше

Gepostet von Чао Заев am Montag, 17. September 2018