Ретка снимка од борба на две сиви гризли-мечки направена во Канада, стана вистински Фејсбук и интернет-хит.

На видеото се гледа како мечките се напаѓаат една со друга на автопатот кај градот Стјуарт, близу границата со Аљаска. Снимката за три дена ја гледале над 2,5 милиони луѓе.

– Вообичаено не објавувам овде, но сакав со вас да го споделам овој неверојатно редок и прекрасен миг на борба меѓу две гризлија, напиша девојката што ја снимила битката. – Обрнете внимание и на волкот кој ги набљудува од позадина, додава таа.

Многумина се сложуваат со нејзините импресии.