Поради излетување од шини на воз на Канадската пацифичка железница во провинцијата Алберта евакуирано е село со околу 300 жители и затворен е дел од автопатот Транс-Канада.

Евакуацијата е наредена поради опасност од истекување на хемикалии.

Полицијата соопшти дека во некои од 15 вагони кои излетале од шини можеби има запаливи материјали.

Владата на Алберта издаде предупредување за областа во радиус од 6,5 километри околу селото Ирвин, што се наоѓа на околу 380 километри од главниот град на провинцијата, Едмонтон.