Амбасадорот на Афртиканска унија за Судан, Мохамед ел Хасан Лебат денеска изјави дека лидерите на опозицискиот сојуз и владејачкиот воен совет постигнаа договор за поделба на власта.

Тој наведе дека двете страни се договориле за тоа да биде усвоена уставна декларација со која се дефинира разграничување на овласувањата за време на тригодишниот транзициски период пред да бидат одржани избори.

Лебат не изнесе повеќе детали ниту навести кога ќе биде потпишан договорот.

Суданската државна новинска агенција СУНА ја пренесе изјавата на лидерот на опозицијата Омар ал Дагир, кој наведе дека договорот ќе биде потпишан утре.

Во Судан од апри се одржуваат протести за тоа дали во транзицискиот период со земјата ќе управува цивилна или воена власт, откако армијата го смени и затвори долгогодишниот претседател Омар ал Башар.