Секој што ќе се обиде да пружи материјална помош на камионџиите од Конвојот за слобода или на други протестирачи против ковид рестрикциите ќе биде уапсен, најави канадската полиција во Отава откако беше прогласена вонредна состојба во градот.

Полицијата го објави предупредувањето на Твитер во неделата попладне. На прашањето дали материјалната помош ги вклучува основните продукти како храна и вода, портпаролот на полицијата за Фокс Њуз изјави дека во предупредувањето се мисли на запаливи материи кои можат да бидат закана за јавната безбедност.

Полициските службеници од центарот на Отава известија дека забраната за носење гориво како помош за камионџиите ќе биде забрането во таа зона од недела по полноќ.

Според видеата од протестите објавени на социјалните мрежи, полицијата веќе има запленето одреден број на канистри со гориво, но се уште нема информации за уапсени протестирачи.