Канадската јавност е шокирана откако Брус Макартур, градинар од Торонто призна дека убил осум мажи и ги закопал меѓу цвеќиња за кои се грижел. Макартур ги убил жртвите во периодот 2010 – 2017.

Сите жртви биле членови на ЛГБТ заедницата или имале врски со таа заедница или биле имигранти од Јужна Азија и Блискиот исток.

Макартур беше уапсен минатиот јануари. Полицијата во неговиот дом пронајде големо црни кеси, хируршки ракавици…Според полицијата, тој ги ставал останките на жртвите во саксии.