Актуелниот портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов е новиот кандидат за градоначалник на општина Струмица.

-Победуваме силно и убедливо. Мотивиран токму од потенцијалите кои ги препознав за нашето Општество, можностите и иднината во регионалниот развој, како и европската филозофија за локално делување, одлучив политичката кариера да ја продолжам во рамки на локалната самоуправа, напиша тој на Фејсбук.

Покрај Костадинов, медиумите веќе објавија неофицијални ифнромации дека на изборите во октомври нема да учестува ни градоначалникот на Скопје, Саша Богдановиќ, на чие место ќе се обиде да седне Горан Герасимовски/

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска ги објави останатите кандидати за градоначалници на владеачката партијата. Како што претходно објавивме, СДСМ во Центар, Струмица и Битола ќе оди со нови кандидати за градоначалници.

-Во општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат со Александар Наумовски. Кандидат на градоначалник во Битола ќе биде Христо Кондовски, во Шуто Оризари ќе биде Асан Ферат, во Кривогаштани со Никола Мисовски, во Струга партијата ќе трча со Димче Џипингаровски, во Гевгелија кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Сашко Поцков, во Дебарца со Игор Крцковски, додека во Струмица, партијата ќе „трча“ со актуелниот пратеник Костадин Костадинов…, соопшти Николовски.