Поранешниот италијански фудбалски тренер Фабио Капело искажа комплименти за играчот од средниот ред на Челзи, и член на „азурите“ Жоржињо.

– Тој е симбол на сегашната италијанска репрезентација. Благодарение на него, нашиот национален тим успеа да не прими многу голови. Гледајќи го во живо, сфатив колку е важен за овој тим, истакна Капело.

УЕФА вчера го прогласи Жоржињо за најдобар играч во сезоната 2020/21.

Во 2021 година, фудбалерот заедно со соиграчот Емерсон, стана првиот играч во историјата на фудбалот што во иста година победил во Лигата на шампионите, Европското првенство и Суперкупот на УЕФА.