Професорката по Уставно право Тања Каракамишева на фејсбук се осврна, како што вели таа, за дрскоста и нечовечноста на бугарските власти и новиот бугарски премиер Кирил Петков кој неодамна изјави дека во Бугарија не постои македонско малцинство.

Каракамишева потсети и за прекршувањето на човековите права на Македонците во Бугарија, но и за непочитувањето на меѓународните пресуди на Европскиот суд во корист на македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед. Во прилог ја пренесуваме нејзиниот објава во целост.

За ова пишував пред некое време, но добро е да потсетам.
Македонците во Бугарија со 16 пресуди донесени од Европскиот суд за човекови права ја имаат поразено бугарската влада.
16 пати Судот нашол флагрантни повреди на Европската конвенција за човековите права од страна на бугарските власти кон македонското здружение ОМО Илинден.
Комитетот на министри при Советот на Европа во 2020 година усвои Резолуција со која изрази длабока загриженост поради непочитувањето на пресудите од страна на Бугарија.
И покрај се бугарскиот премиер Петков вели “нема Македонци во Бугарија”?
Каква дрскост, каква нечовечност!