Австрискиот канцелар Карл Нехамер истакна дека пандемијата со коронавирусот нема да биде надмината толку брзо. За разлика од неговиот претходник Себастијан Курц, Нехамер не верува дека наскоро ќе може да се постигне тој статус. Тој во изјава за неделникот „Профил“ вели дека има промена на парадигмата со сојот Омикрон.
„Мораме да се подготвиме за нови димензии, бидејќи новиот сој очигледно нема граници“, објасни тој. Нехамер рече дека е неопходно да се намали карантинот, на што надлежните во моментов работат.
Тој укажа на боледувања на голем број граѓани, што може негативно да се одрази на здравјето и снабдувањето со храна.