Лидерот на партијата Беса, Билал Касами, кој е дел од коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, вчера во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека повеќе е можно уставните измени да се случат доколку ВМРО-ДПМНЕ е дел од власта отколку да е надвор од владиниот состав.

Касами додаде дека услов за „Вреди“ да биде дел од Владата се уставните измени.

„И да пружи отпор ВМРО-ДПМНЕ, нашиот услов, предуслов, викајте го како сакате, ќе биде да се случат уставните промени. Нема влада без уставни измени. Затоа велам дека сум повеќе од сигурен, и ова не го велам дали Беса и ’Вреди’ ќе бидат во владата или не, затоа што велам дека многу повеќе е можно да се случат уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ во власта отколку со ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ во најлоша верзија ќе добие 40 пратеници“, рече Касами.

„Не е важно колку гласови ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, ако коалицијата ВРЕДИ земе повеќе од 20 мандати, граѓаните да не се грижат за уставните измени, а Албанците да не се грижат за нивните права, бидејки таа одговорност ние ја преземаме“, кажа Биљал Касами.