Два катарски воени авиони се судриле, но пилотите успеале безбедно да се катапултираат, соопшти денеска катарското Министерство за одбрана, пренсува ДПА

До судирот дошло за време на тренинг лет и пилотите успеале да се спасат со катапултирање од нивните кабини, наведува министерството во соопштение.

Министерството за одбрана, меѓутоа, на објаснува кога или каде се случил инцидентот, пренесува ДПА.