Полицијата ги подучува кавадарчани како да се заштитат од кражби.  Од Одделот за превенција при ОВР Кавадарци денеска информираат дека нивни претставници започнале средби со граѓаните во урбаните заедници во Кавадарци.

-Преку разговори со нив, им укажуваме на низа превентивни мерки кои можат да ги преземат. Целта е заеднички да го заштитиме нивниот имот, да ги спречиме кражбите во куќи и станови, во време кога тие се отсутни од дома, поради летните одмори. Довербата помеѓу граѓаните и институциите, како и добрососедските односи, можат да дадат најдобри резултати, изјави Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Тој вели дека ваквите и слични превентивни  акции кои ќе продолжат и понатаму даваат резултати, како и дека присебноста и внимателноста многу често се сојузници на населението, во борбата против кражби и измами.