Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски, кој денес брани за РК Вардар, доби суспензија од четири години од Македонскиот олимписки комитет (МОК) поради навреди кон првиот човек Даниел Димевски.

МОК го казнил Ристовски со четиригодишна суспензија бидејќи минатиот месец бил пријавен од Димевски дека во телевизиска емисија „ширел лаги и невистини“.