Кристијано Роналдо објави мотивациски твит откако Ал-Наср со него во стартниот состав е елиминиран од Купот на Саудиска Арабија, губејќи во полуфиналето од Ал-Вахда.

Во јануари Ал-Наср беше елиминиран од Суперкупот на Саудиска Арабија, губејќи од Ал-Итихад во полуфиналето (1:3).

-Продолжуваме да се бориме и да работиме напорно за да се подготвиме за следните натпревари, напиша Роналдо.

Ал-Наср оваа сезона може да остане без трофеи. На шест кола до крајот заостанува три бода зад Ал-Итихад, лидерот во поредокот, кој одигра и еден натпревар помалку.