Напаѓачот Тотенхем Хари Кејн ги искажа своите впечатоци по натпреварот од 9-то коло во Премиер лигата против Манчестер сити (2:0).

– Многу е пријатно да се биде на првата позиција во поредокот. Ќе биде уште подобро ако останеме таму до крајот на мај. Знаеме дека претстои долг пат, но ако сте на врвот, тоа докажува дека правите сè како што треба. Знаевме дека Манчестер сити ќе има повеќе посед на топка, но во исто време, знаевме совршено дека ќе имаме шанси да постигнеме гол, истакна Кејн за „ ВВС Sport “.

Тотенхем е прв на табелата со 20 бода пред Челзи и Лестер со 18.