Манчестер cити има намера да му понуди нов договор на напаѓачот Габриел Жезус, објави „Dialy Star“.

Со цел 23-годишниот Бразилец да се согласи да остане во тимот, управата на англискиот клуб е подготвена да му ја удвои платата. Според новиот договор, Жезус ќе добива 150.000 фунти неделно. Тековниот договор на Бразилецот со Ман Сити се пресметува до 2023 година.

Оваа сезона во Премиер лигата, Жезус учествуваше на 3 натпревари, на кои постигна два гола.