Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се повреди против на синоќешниот дуел со Атлетико Мадрид во 10. коло од Ла Лига. Според „Marca“ 33-годишниот Шпанец има повреда на десното колено.

Исто така на оваа средба беше повреден играчот од средниот ред на каталонскиот тим, Серхи Роберто. Него му е дијагностицирана повреда на мускул на десниот бут. Двајцата играчи мора да бидат подложени на дополнителни прегледи.

Барселона по овој пораз е десетта на табелата со 11 бодови од можни 24.