Снабдувањето со вода и електрична енергија е обновено низ Киев по руските напади кои предизвикаа големи прекини, изјави денеска градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

– Снабдувањето со вода и електрична енергија е целосно обновено, напиша Кличков на Телеграм.

Руското Министерство за одбрана претходно ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, како и врз воени инсталации, извршени со прецизни проектили истрелани од авиони-бомбардери и од воени бродови.

Нападите предизвикаа прекин на водоснабдувањето на 80 отсто од населението на Киев, каде 350.000 домови исто така останаа без струја.