Турција е меѓу земјите кои би можеле да му дадат безбедносни гаранции на Киев во рамките на каков било договор со Русија со цел да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Ихор Жовка.
– Турција е меѓу земјите кои би можеле да бидат гарант за нашата безбедност во иднина, рече Жовка пред да продолжат преговорите меѓу двете страни во Турција.
Киев претходно побара правни безбедносни гаранции од неколку сојузнички земји во случај на идни напади.
Како што беше соопштено вчера од турското претседателство, следната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација ќе се одржи во вторник во Истанбул.