Пекинг ги отфрли обвинувањата дека не успеал да ја запре трговијата со луѓе и соопшти дека Вашингтон нема право да критикува заради неговата историја на расна дискриминација.
Кина е меѓу 17-те земји кои во последниот извештај на Стејт департментот за трговијата со луѓе се оценети дека не правиле доволно во борбата против трговијата со луѓе и на кои им се закануваат американски санкции, пренесува Бета.
-Во извештајот 17-те најавторитарни држави САД смести во третото ниво на категоризација заради тоа што не ги исполнуваат минималните стандарди за запирање на „нехуманиот циклус на дискриминација и неправда“, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, на презентацијата на извештајот.
Меѓу другите земји во оваа група на авторитарни држави се и Малезија, Русија и Никарагва.
-Ние силно се спротивставуваме на неоснованите обвинувања на САД против Кина темелени на лаги и гласини, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, обвинувајќи го Вашингтон за „клеветење на Кина“ и мешање во нејзините внатрешни работи.
„САД не се во позиција да мавтаат со стапот за човекови права“, рече Ванг во дневното обраќање кон медиумите.
Тој ја наведе американската злоупотреба на Афроамериканците и американските домородци и известува дека малку луѓе, кои биле прошверцувани во САД заради присилна работа, биле спасени.
-САД треба да размислат за сопствените прекршувања на човековите права и да ги поправат, како што се геноцид, расна дискриминација и принудна работа, рече Ванг.
Третото ниво на категоризација на извештајот на Стејт департментот за човекови права во светот за 2021 година ги вклучува Авганистан, Алжир, Кина, Коморите, Куба, Еритреја, Гвинеја-Бисао, Иран, Малезија, Мјанмар, Никарагва, Северна Кореја, Русија, Јужна Судан, Сирија, Туркменистан и Венецуела.