Кина која беше прва на удар од епидемијата на коронавирусот, по голема и тешка борба, го порази Ковид-19.
Ширењето на коронавирусот на територијата на Кина е запрено, соопшти официјален претставник на Комитетот за здравствени прашања на Кина, Ми Фенг.
– Бројот на потврдени случаи со инфекција е помал од 3.000. Ширењето на епидемијата на територијата на Кина е целосно запрено, изјавил Ми Фенг.
Според последните податоци во Кина од почетокот на пандемијата биле регистрирани 81.439 лица со инфекција на коронавирус, од кои 75.448 лица оздравеле, а 3.300 починале.
Претходно кинеските медиуми објавија дека во провинцијата Хубеј, освен во Вухан, која е позната како жариште за ширењето на Ковид-19, по два месеца е обновен внатрешниот патнички авиосообраќај.