Кина, Иран и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби што почнуваат утре во Индискиот Океан и Оманското Море. Тоа го објави денеска кинескиот министер за одбрана во момент на зголемени тензии во регионот меѓу Техеран и Вашингтон.

Вежбите ќе траат до 30 декември, а цел е да се поттикне соработка на морнариците на трите држави. Оманското Море е посебно чувствителен воден пат бидејќи е поврзано со Хормушкиот теснец низ кој минуваат петтина светски нафтени транспорти што се поврзани со Персискиот залив Вежбите се одржуваат во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран.

Превирањата се интензивираа минатата година кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор склучен во 2015 година со шест држави и повторно воведе санкции што сериозно му наштетија на Иран.

Вашингтон предложи поморска мисија предводена од САД по неколку напади во мај и јуни врз меѓународните трговски бродови, вклучувајќи ги и саудиски танкери, во водите на Заливот, за што САД го обвинија Иран. Техеран ги отфрли обвиненијата.