Украински обвинители отвориле истрага откако првиот руски патнички воз пристигна на Крим преку мостот што овој полуостров во Црно море го поврзува со Русија.

Патничкиот воз од Санкт Петербург во средата илегално ја мина украинската граница на Кримскиот мост, сооопшти канцеларијата на украинскиот државен обвинител.

Русија го анектираше Крим пред пет години, одмаздувајќи се на тој начин за соборувањето на прорускиот претседател Витор Јанукович. Оваа стратешки важна територија во Црно море е споена со Украина со копно.

Рускиот претседател Владимир Путин во понедленикот свечено го отвори железничкиот мост што ги спојува Крим и Русија преку Керчискиот теснец.

Рускиот претседател минатата година отвори и мост за лесни возила.

Изградбата на новиот мост беше изложена на критики од Европската унија, која соопшти дека тоа „претставува уште едно руско кршење на украинскиот суверенитет и територијален интегритет“.