Кина одобри тестирање на потенцијална вакцина против Ковид-19 на луѓе, соопшти локалната власт во југозападниот град Ченгду.
Вакцината е култивирана во клетки на инсекти , а тестирана е врз мајмуни и засега нема видливи нуспојави.
Кинсеките научници испитуваат уште осум потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што се наоѓаат во различни фази на клиничко испитување.
Странски компании, како германската „БиоНТеч“’ (BioNTech) и американската „Иновио фарма“ (Inovio pharma), исто така соработуваат со кинеските фирми за да можат да ја тестираат својата вакцина во Кина.