Ќе има замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, но не наведувајќи детали.
За сите прехранбени производи и производи од домашно, земјоделско производство.
За профитната маржа во однос на училишниот прибор Дурмиши вели дека Пазарниот инспекторат ќе излезе на терен и доколку има злоупотреби ќе се преземат неопходните мерки за оние продавници кои нема да ја почитуваат одлуката.
-Доколку наидеме на злоупотреби и наидеме на компании кои не ја почитуваат одлуката на Владата која беше предлог на Министерството за економија и труд. Ќе барам повеќе да излегуваат на терен, доколку има потреба и јас ќе излезам заедно со мојот тим и ќе бараме да се почитува оваа мерка, вели Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.
Министерот Дурмиши ова го изјави по промоцијата на Програмата за поддршка на локалниот туризам за работниците со ниски примања.
Денеска започна доделувањето на купони за годишен одмор за оние со нето плата до 50.000 денари. Со ова 1.777 лица ќе добијат ваучери за одмор во вредност од 18.000 денари.
Интересот за оваа мерка беше многу голем и кај гастрономите и кај апликантите, имајќи предвид дека со оваа активност од Министерството за економија и труд се помага гастрономските објекти надвор од туристичката сезона да можат да остварат дополнителни приходи, додека на работниците со низок приход им овозможува да ги користат гастрономските услуги во нашите туристички центри.
Инаку, овие купони ќе може да се користат од 15 септември до 1 декември во секој сместувачки капацитет регистриран во Министерството за економија и труд, додека списокот со хотели и добитници на ваучерите може да се најде на веб-страницата на Министерството.