Гугл ќе ја затвори мрежата Гугл плус и ќе зајакне мерки за размена на податоци откако беше откриено дека на стотици инженери од надвор можеби им бил овозможен увид во податоците за најмалку 500 илјади корисници.

Проблемот е откриен и решен во март во рамки на анализа на механизам за размена на податоци на Гугл со други апликации. Ниту еден инженер не ја искористил можноста за увид воподатоците ниту ги злоупотребил, се заклучува во анализата на Гугл.

Волтрит џурнал претходно објави дека софтверскиот гигант одлучил да не ја извести јавноста за безбедносниотпроблем поради страв од регулаторна истрага.