Францускиот министер за европски прашања денеска изјави дека одлуката на полскиот суд, според која некои договори на Европската унија не се компатибилни со Уставот на Полска, претставува напад врз ЕУ и дека економски санкции се опција.

„Многу е сериозно. Де факто постои ризик од напуштање на Европската унија“, изјави Клемен Бон за ТВ БФМ, додавајќи дека тој не сака Полска да ја напушти Европската унија.

Полскиот Врховен суд вчера оцени дека некои делови од договорот со ЕУ се некомпатибилни со полскиот Устав.

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, предупреди денеска дека развојот на ситуацијата во Полска е многу загрижувачки.

„Мораме јасно да кажеме дека владата во Полска си игра со оган. Европските закони се од суштинско значење за европска интеграција и заеднички живот. Ако тој принцип е прекршен, Европа како што ја знаеме, изградена врз Римските договори, ќе престане да постои“, нагласи Аселборн.