Алдо КЛИМАН

Во СДСМ штотуку започна незапирлива верижна реакција на целосно распаѓање, која во наредните месеци и години ќе минува низ најбедни фази на заемни обвинувања, исфрлувања од членството, вонредни конгреси, избори на нови претседатели…

Главно, ќе си се занимаваат само со сопствената морална, квази-интелектуална и човечка беда, со себеси како најодиозна антинационална и антидтжавна клоака, во бесна борба за внатрепартиски престиж и за лично докажување.

На крајот, ќе опстане само како најобично слепо цревце, како рудимент на сите апсолутни идеолошки промашувања, и како мизерен симбол на целосно изневерената изворна социјалдемократска идеја, претворена во патолошки кариеризам, неолиберализам под лажно име, и аналфабетизам од надреални димензии.

Амин!